ЕУРОМЕЛАНОМА 2019
ЕВРОПСКА КАМПАЊА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА КОЖАТА
БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ НА КОЖАТА... ЗАПОЧНУВА ВО ВАШАТА ГЛАВА
Можете да го победите и битката започнува кога знаете што да превземете кога сте во опасност!

Ракот на кожата е најчестата форма на рак во светот. И покрај тоа, може лесно да се спречи и излекува ако се открие на време.
Но, постои еден заеднички фактор кој ги спречува луѓето да се заштитат од рак на кожа и
да побараат лечење, а тоа е - негирање на проблемот!
Надминувањето на овој проблем ќе значи зголемување на можноста за редовно фотозаштитување на кожата и брзо делување кога ќе се појават првите симптоми на рак на кожа.


БРОШУРА
Оваа брошура објаснува што треба да направите за да го надминете негирањето на проблемот и да се заштитите од ракот на кожата.
БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ
28-30 MAJ 2019
Oваа година по десетти пат во нашата земја дерматолозите организираат здравствено-превентивна кампања ЕУРОМЕЛАНОМА 2019 за подигнување на јавната свест во борбата против ракот на кожата под мотото:
БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ НА КОЖАТА... ЗАПОЧНУВА ВО ВАШАТА ГЛАВА
Главната активност на кампањата се бесплатните прегледи на сомнителните дамки на кожата во дерматолошките институции низ Р.Македонија во периодот од 28-30 мај 2019