Што Треба Да Се Бара ?

Кој треба да прави самопреглед?

Сите треба да прават самопреглед на кожа. Децата треба да гледаат како возрасните го изведуваат самопрегледот и така да се научат од мали нозе за да можат покасно во пубертет сами да го изведуваат. На пациентите со фактори на ризик  за карцином на кожа може да им користи и преглед на кожата еднаш годишно од страна на доктор, најдобро дерматолог. Ова, заедно со самопрегледот на кожа еднаш во два месеца е најдобар начин да се осигура раната дијагноза на карцином на кожа.

 

Што треба да се бара?

Постојат три главни типа на карцином на кожа кои се веројатно поврзани со изложувањето на УВ зраци од сонцето или  солариуми: базоцелуларен карцином, спиноцелуларен карцином и меланом. Секој од нив може да има различен изглед на кожата и затоа е важно да се познаваат знаците на предупредување. 

 

Знаци на предупредување:

Појава на промена над ниво на кожата која постепено се зголемува, транспарентна или темна по боја, кафеава, црна или со повеќе бои

Бемка, дамка или било каква кафеава дамка која:

    - менува боја

    - се зголемува или се задебелува

    - менува текстура

    - има ирегуларни ивици

    - поголема е од 5 мм и/или се променила пред извесно време

 

Дамка или раничка која продолжува да боли, чеша, крвари, со присутна круста или ерозија

 

Отворена раничка која не зараснува во тек на 3 недели

 

 

Ако мислите дека имате нешто од претходно наведените промени на кожа...

Задолжително јавете се кај Вашиот доктор, а најдобро дерматолог, ако забележите било какви промени на постоечката бемка или дамка или ако забележите нова лезија која има некои знаци на предупредување за карцином на кожа.

 

 

 

 

EUROMELANOMA is the official skin cancer prevention campaign from EADO.