UV-B

UVB-зраци предизвикуваат потемнување на кожата и појава на изгореници. Краткобрановите UVB-зраци во голема мера се апсорбираат од страна на озонската обвивка. Истенчувањето на озонската обвивка во последно време, сепак, овозможува поголеми количини УВБ-зраци да стигнат до Земјата. UVB-зрачењето предизвикува во почетокот на зрачењето заштитна реакција со потемнување на кожата поради продукција на пигментот меланин.Ако е дозата на UVB-зраци преголема, тогаш кожата се зацрвенува и се јавуваат изгореници, што претставува сериозен алармен знак кој се праќа од страна на клетките на кожата. Ако тоа веќе се случи, единствено останува „системот на поправање“ на оштетувањето на кожата кои го поседуваат клетките, да го искорени самото оштетување. Колку е почесто и поинтензивно изложувањето на сонце, оштетувањата се се посериозни и се зголемува ризикот од погрешни поправања. На подолги патеки тоа може да доведе до промени во генетскиот материјал, хронично оштетување на кожата, рани стадиуми на карцином на кожа, како и појава на клиничка слика на карцином на кожа.