Совети

Изложување на сончева светлина (инсолација)
Брзо, интензивно и директно изложување на сончева светлина дефинитивно треба да се избегнува. Паметно е да се избегнува директна изложеност на сончева светлина, особено меѓу 11 и 16 часот.


Средства за заштита од сонце
Треба да имаат висок фактор на заштита минимум фактор 30. Треба да овозможат еднаква заштита од UVА и UVB-зраци. Да се аплицираат половина час пред излегување на сонце и да се обновуваат на секои два до три часа.


Сенка
Треба да се истакне дека престој под чадор на отворено, како на плажа, исто така, може да доведе до појава на изгореници од одбиените UV-зраци, ако не се применуваат соодветни заштитни мерки. Слично на тоа, сончевите зраци минуваат низ облаците во голема мера, а со тоа и кожата може да изгори дури и во облачни денови на пролет или лето.


Облека
Облеката обезбедува најдобра заштита од интензивната сончева светлина. Маици со кратки ракави се подобри од маици без ракави, изработени од густо ткаени материјали. Се советува носење големи шапки и очила за сонце (бидејќи UV-зраците се штетни и за очите). Во моментот на пазарот е присутна гардероба за деца изработена од материјали кои штитат од сонце (со
заштитен фактор 60)


Tип на кожа
Општо правило е дека кожата мора постепено да се изложува на сончеви зраци. Кожа која постепено и континуирано потемнува може да ги спречи UV-зраците и до 10 пати од кожа која не е потемнета. Секој треба да го познава личното заштитно време кое се однесува на типот на кожата, со други зборови, колку долго трае препорачаното време на изложување на сонце без заштита.