Тинејџери

ВНИМАНИЕ – ОВА Е ДЕЛ РЕЗЕРВИРАН ЗА ТИНЕЈЏЕРИ!!!!

Значи, зошто треба воопшто да внимавам на моето изложување на сонце?

Поради тоа што претераното изложување на сонце ја оштетува кожата и, да, тоа може да ти се случи и тебе! (50-90% од вкупното оштетување на кожата од сонцето се случува во детството и адолесценцијата)

Повременото и интензивно изложување на сонце (со појава на изгореници) во текот на летниот распуст го зголемува ризикот за развој на рак на кожа покасно во животот.

Плус, дури и да мислиш дека не треба да се грижиш за ракот на кожата (иако би требало – погледни го делот за рак на кожа, размисли и за предвременото стареење на кожата кое е исто така последица на изложувањето на сонце!!! Кожата станува задебелена, набрчкана и со многу дамки...

Значи биди паметен/на и погледни ги советите за безбедно изложување на сонце!

Запомни, УВ зраци не емитува само сонцето – солариумите исто така зрачат УВ зраци! Солариумите дефинитивно не се сигурни за употреба – погледни ги овие алармантни бројки кои треба да те загрижат: употребата на солариуми во младоста го зголемува ризикот за појава на меланом за 75%; луѓето кои користат солариуми имаат 2.5 пати поголема веројатност да заболат од рак на кожа кој се нарекува спиноцелуларен карцином (SCC) и  1.5 пати поголема веројатност да заболат од друг рак на кожа кој се нарекува базоцелуларен карцином (BCC).

И, да, уште нешто, солариумите го забрзуваат стареењето на кожата, како и сонцето...