Солариуми

 

Дали е безбедна вештачката боја на кожата добиена во солариум?

Неколку зборови за солариумите!

Солариумите ја потемнуваат кожата многу ефикасно по пат на емитување UVА-зрачење без појава на изгореници. Но, тие го зголемуваат ризикот за развој на карцином на кожа и без сомнение исклучително ефикасно предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Многумина не се свесни за фактот дека темниот тен добиен во солариум не ја заштитува кожата од понатамошна појава на изгореници од сонце, бидејќи за појава на изгореници се одговорни UVB-зраците.