Самопреглед Чекор По Чекор

 

Ќе ви биде потребно: јака светлина, големо (зидно) огледало, рачно огледало, 2 столици, фен за коса, мапа на телото и молив или, уште подобро, дигитален апарат.

 

 


1. Прегледајте го лицето, посебно носот, усните, устата и ушите – од предна и од задна страна. Користете две огледала за појасно прегледување.

2. Прегледајте го косматиот дел на главата користејќи фен и огледало. Ако е можно нека Ви помогне член на семејството или пријател.

3. Прегледајте ги шаките: дланките и задниот дел на шаките, меѓу прстите и под ноктите. Прегледајте ја предната и задната страна на подлактиците.

4. Стоејќи пред огледало, прегледајте ги надлактиците од сите страни, поаѓајќи од лактите.

5. Прегледајте го вратот и градниот кош. Жените треба да ги подигнат дојките и да ја прегледаат кожата под нив.

6. Свртете се со грбот пред огледало и со помош на рачно огледало прегледајте ја задната страна на вратот, рамењата, горниот дел од грбот и задниот дел на надлактиците.

7. На ист начин прегледајте го и долниот дел од грбот, глутеалниот предел и задните страни на нозете.

8. Седнете; ставете ги една по една нога на друга столица. Со помош на рачно огледало прегледајте ги гениталиите. Прегледајте ја предната и бочните страни на нозете од бутовите до стопалата, скочните зглобови, горниот дел на стапалата, меѓу прстите на стопалата и под ноктите. Прегледајте ги табаните и петите.