Спиноцелуларен Карцином

Спиноцелуларен карцином или сквамоцелуларен карцином, често се развива од актинични кератози и може да личи на базоцелуларниот карцином. Но, за разлика од него, спиноцелуларниот карцином e поиздигнат над ниво на кожата со повеќе крусти на површината (фотографии 20-27). Овој тип на  карцином може понекогаш да се замени со брадавица. Спиноцелуларниот карцином многу ретко може да се прошири во лимфните јазли и другите органи, да метастазира и да заврши со смртен исход.