Рак на кожата

Општи информации за ракот на кожата


Имуниот систем на кожата се намалува со прекумерно експонирање на сончево зрачење, кое ги оштетува клетките на кожата и го менува нивниот генетски материјал. Системот на репарација на оштетените клетки не може да ги поправи сериозните оштетувања предизвикани од
UV-зраци и тие се пренесуваат на ќерките-клетки. Ако овие клетки продолжат да се делат слободно, тие може да мутираат и по неколку години да доведат до развој на рак на кожа. Постојат различни видови и поткатегории рак на кожа. Најопасен и животозагрозувачки е малигниот меланом.

Немеланомскиот рак на кожа не е толку опасен како меланомот, но е десет пати почест. Се локализира на фотоекспонираните регии на кожата кои се најмногу изложени на сончева светлина, како лицето, ушите, рацете, лактите и површините на главата без коса кај машкиот пол. Основна карактеристика на немеланомскиот рак на кожа е бавниот раст. Ако се дијагностицира рано, шансите за негово излекување се многу големи. Иако многу ретко се јавуваат метастази кај овој тип рак на кожа, сепак, се препорачуваат редовни прегледи на кожата кај дерматолог. Постојат 3 типа немеланомски рак на кожа – актинична кератоза (АК), базоцелуларен карцином (BCC) и спиноцелуларен карцином (SCC).