Типови На Кожа

Типот на кожа ја опишува вашата кожа, како реагира на сонце по првото изложување: дали гори и дали поцрнува?


Типот на кожа се дефинира со  различни карактеристики, како што се бојата на косата и бојата на

кожата.

 

 

Постојат 4 типа кожа:


Тип 1:


• Светла кожа, често со дамки
• Руса или црвена коса
• Сини или зелени очи
• Кожата е исклучително чувствителна на сонце, секогаш гори и никогаш не поцрнува
• Лично заштитно време е од 3 до 10 минути
• Беспредметно е да се обидувате да потемнете – само можете да си наштетите! Користете лосион
за самопотемнување ако сакате да имате „боја".


Тип 2:
• светла кожа, но нешто потемна од кожата на тип 1
• руса или светлокафеава коса
• сини очи
• кожата е, исто така, чувствителна на сонце, потемнува бавно и не секогаш, брзо гори, лично заштитно време е од 10 до 20 минути


Тип 3:
• малку потемна боја на кожа
• светлокафеава или кафеава коса
• различна боја на очи
• кожата е минимално чувствителна на сонце, лесно и брзо потемнува и темната боја долго трае
• личното заштитно време е од 20 до 30 минути

Тип 4:
• светлокафеава кожа
• темнокафеава или црна коса
• темни очи
• кожата е отпорна, брзо и интензивно потемнува и темната боја долго трае
• личното заштитно време е 40 минути