Себороична Кератоза

Претставува бенигна кератиноцитна лезија, помалку или повеќе издигната, обично со рапава површина и со различна боја, од жолтеникава до сива, кафеава и црна. Карактеристично е дека изгледаат како лезии залепени за кожата”.  Во некои случаи диференцијалната дијагноза на себороичната кератоза во однос на меланомот и другите карциноми на кожа е од клучна важност.