Ризици

Ризикот за развој рак на кожа често се наследува генетски, бидејќи нашите гени играат важна улога во развојот на рак на кожата. Кај секоj пациент што има податоци за рак на кожа во семејството или има тип на кожа што има поголем ризик за развој на рак на кожа (тип 1 и 2) мерките на претпазливост треба да бидат поголеми – еднаш годишно треба да се јави кај дерматолог за да се направи комплетен преглед на кожата. Многу важен фактор на ризик за развој на рак на кожа е изложеноста на сончева светлина и UV-зраци од други извори (и најважен фактор кој може да се спречи) (совети)


- Дали може да се спречи
меланомот?
Генетските фактори на ризик, како што се бојата на кожата, присуството на голем број невуси и
меланом во семејството, не можат да се променат или искоренат. И покрај тоа, ризикот од развој на  меланом може значително да се намали со превенција за изложување на сонце.


- Дополнителни фактори на ризик: козметика и медикаменти
Одредени лекови ја зголемуваат чувствителноста на светлина. Ова е факт што треба да се разговара со вашиот лекар пред изложување на сонце. Долготрајната
имуносупресивна терапија како терапија што ја добиваат пациентите по трансплантација на органи го зголемува ризикот од развој на рак на кожата. Дезодоранси, козметика и парфеми може да предизвикаат непријатни реакции на кожата изложена на сонце или постојана пигментација. Примената на ваквите производи треба да се избегнува пред изложување на сонце.