Предвремено Стареење На Кожата

 

Природниот процес на стареење зависи од времето и генетиката и не може да се промени. Промените кои се често поврзани со хронолошкото стареење (календарски години) како што се темни дамки, тенки брчки, олабавена кожа, испукани крвни садови, импрегнирана и груба текстура на кожата, се јавуваат многу порано поради оштетување на кожата предизвикано со продолжено изложување на УВ зрачење во текот на животот.

"Photo" потекнува од грчкиот збор phosкој значи светлина”. "Photoaging" e термин кој означува предвремено оштетување на кожата предизвикано со изложување на сончева светлина и воопшто, УВ зраци. Тоа истовремено значи дека предвременото стареење  може да се избегне со добра заштита од сонцето. Колку е одговорно за стареење на кожата предвременото во однос на хронолошкото стареење? На фотоекспонираните регии на кожата дури и до 90% стареењето настанува поради штетното дејство на сонцето. Ова станува јасно ако се направи споредба на кожата на региите кои ретко се изложуваат на сонце како што е глутеалната регија со кожата на лицето, тогаш јасно се гледаат разликите во тенот, бојата и текстурата.