| Неточно |
Точно |
| Потемнувањето е здраво |
Потемнувањето е резултат на одбрана на организмот од понатамошното оштетување на кожата предизвикано со УВ-зрачење |
| Темната боја штити од сонце |
Темната боја ја заштитува светлата кожа на ист начин како и заштитен препарат со фактор 4 |
| Не можете да изгорите кога е времето облачно |
И до 80% од УВ-зраците можат да поминат низ облаци. Поради тоа атмосферата може дури и да го зголеми изложувањето на УВ-зраци. |
| Не можете да изгорите во вода |
Водата овозможува само минимална заштита од УВ-зрачење, а зраците одбиени од површината на водата може да го зголемат Вашето изложување на УВ-зрачење |
| УВ-зрачењето во текот на зимскиот период не е опасно |
УВ-зрачењето е помало во текот на зимските месеци, но зраците кои се одбиваат од снегот може да го дуплираат вашето изложување, посебно на поголеми надморски височини |
| Кремите за заштита ми овозможуваат да се сончам подолго |
Кремите за заштита од сонце не се наменети за зголемено изложување на сонце, односно тие ја зголемуваат заштитата во текот на изложувањето кое не може да се избегне. Заштитата кои тие ја овозможуваат многу зависи од начинот на нивната употреба |
| Ако правите редовни паузи во текот на сончањето, не можете да изгорите |
Изложувањето на УВ-зрачење во текот на денот се собира (кумулира) |
| Ако не чувствувате топлина од сончевите зраци, нема да изгорите |
Изгорениците од сонце се предизвикани со УВ-зрачење кое не може да се почувствува. Чувството на топлина потекнува делумно и од видливото и од инфрацрвеното зрачење, а не од УВ-зрачењето |