Меланом

 

Што е меланом?


Меланом претставува најтежок облик на карцином на кожа во однос на морталитетот. Меланомот е рак на кожата со најголем малигни потенцијал кој се развива од меланоцитите – клетки кои го произведуваат пигментот во кожата. Може да се развие од претходно постоечки невус кај 30% пациенти или да се појави de novo на здрава кожа. Најчесто се јавува на телото кај мажите, и на нозете и телото кај жените. Се појавува како макула (фотографија 29) или чворче (фотографија 31) со различни бои и нејасно дефинирани граници (фотографии 28 и 29).

 

Кога ќе се постави  дијагноза на меланом во раната фаза на развој (фотографија 36) излекувањето е можно по пат на хируршка ексцизија. За жал касно поставената дијагноза (фотографија 43 и 44) доведува до ширење во внатрешните органи и многу полоша прогноза. Тоа значи дека единствено, коректно и ефектно средство за  соочување со малигниот меланом е превенцијата, односно раното откривање.

 

 

Како изгледа меланомот?  А-Б-Ц-Д-Е правило

 

Ризикот од развој на карцином на кожа е често поврзан со нашите гени. Сите индивидуи кои знаат за случаи на заболени од карцином на кожа во своето семејство и имаат тип на кожа која носи поголем ризик за развој на истиот треба да превземат мерки на претпазливост и еднаш годишно да одат на преглед кај дерматолог. Меланомот често не се препознава на прв поглед бидејќи тешко се разликува од обичните бемки или други бенигни тумори.

За поставување на рана дијагноза се користи правилото А-B-C-D-E. Промената е сомнителна ако е асиметрична (А) (фотографија 37), нема јасни граници (B) (фотографија 32), ако се менува бојата (C) (фотографии 33, 34), и ако пречникот е поголем од 6 мм (D).

 

Еволуција (Е), (исто така – елевација) како што се промена на боја, големина, облик, површина, елевација (фотографии 35,38,39,41,42) и симптоми како што се јадеж или крварење се главни знаци за малигнитет. Исто така, појава на нови промени на здрава кожа кај индивидуи постари од 40 години се сметаат за сомнителни и во тој случај треба да се консултира дерматолог.

   


ПРЕГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ НА КОЖАТА СОМНИТЕЛНИ ЗА МЕЛАНОМ

Се прегледува целата кожа со цел откривање на сомнителни промени. Ако тие не се присутни, дерматологот ќе ви објасни точно што претставуваат различните лезии на вашата кожа. Дерматологот нема да ги прегледува сомнителните лезии само со голо око, ќе користи и дермоскоп кој претставува рачен инструмент кој се става на кожата,  ја зголемува лезијата и на тој начин овозможува поточна и рана дијагноза на меланом (фотографии 45,46).
Некои индивидуи може да имаат различни облици на карцином на кожа (фотографија 47) или може да развијат нов карцином на кожа покасно, затоа е многу важно таквите пациенти да вршат повеќе регуларни самопрегледи, но и да одат на редовни прегледи кај дерматолог.

Индивидуи со многубројни невуси на кожата или бројни атипични невуси(фотографија 48) имаат поголем ризик за развој на карцином на кожа и кај нив е корисна  дигиталната фотографија.