Дома

Почитувани посетители,


Добредојдовте на европскиот веб-сајт на Euromelanoma!
Хипократ пред многу векови тврдеше дека е подобро да се спречи отколку да се лечи.
Euromelanoma се обидува токму во тоа: тоа е паневропска кампања за спречување на ракот на кожата, која има за цел на сите да им овозможи достапни информации за превенција, рана дијагноза и третман на ракот на кожата.

Кампањата започнала за прв пат во1999 година во Белгија и до денешни денови се проширила во 30 земји, од Шведска до Кипар, Малта, Ирска, Русија, од север кон југ и од исток кон запад низ цела Европа.
Оваа иницијатива ја предводи мрежа на европски дерматолози кои работат бесплатно и широкоградо ù служат на целта. Покрај годишната кампања на бесплатни прегледи на кожата, на овој начин се обидуваме да ви помогнеме полесно да најдете информации за ракот на кожата.
Ве покануваме да крстарите по нашата страница и сами да дознаете што е рак на кожата,  како можете да си помогнете себе и на своите деца да го намалите ризикот од добивање рак на кожата. Исто така, ќе најдете информации за сонцето и ултравиолетовото зрачење и ќе дознаете кои се заедничките митови за сончањето.
Се надеваме дека нашите напори ќе бидат вреднувани со вашето високо ниво на знаење за ракот на кожата кое треба да доведе до подобро спречување на оваа болест.
 
Veronique del Marmol
Euromelanoma Europe Chair