Хемангиом

Хемангиомот е бенигна промена која содржи крвни садови и претставува најчест тумор кај децата. Клиничкиот изглед може да биде многу различен, од светло црвени дамки до сини или пурпурни плаки и чворчиња. Хемангиомите имаат типично однесување, а тоа е брзиот раст во текот на првите неколку месеци од животот, после кое спонтано се повлекуваат во текот на следните неколку години. Тој многу се разликува од васкуларните малформации кои се обично присутни веќе на раѓањето и не се повлекуваат спонтано.