Најчесто Поставувани Прашања
Кој има највисок ризик за добивање меланом?
Ризикот за развој на меланом е поголем кај индивидуите со светла кожа со многу дамки, која многу лесно и брзо гори на сонце, како и кај индивидуите со голем број невуси (бенки) на кожата. Поголем ризик за развој на меланом имаат и тие индивидуи со многу изгореници, особено во детството и адолесценцијата, како и појавата на меланом и кај друг член на семејството. Често изложување на сончева светлина, особено за време на рекреативен престој на отворено, исто така, го зголемува ризикот од развој на меланом. На глобално ниво, меланомот подеднакво често се јавува и кај мажите и кај жените. Меланомот може да се појави на која било возраст, иако во детството се случува исклучително ретко.
Што е причина за зголемување на инциденцијата на меланомот?
Главната причина за зголемување на инциденцијата на ракот на кожата во последниве децении, освен истенчувањето на озонската обвивка, претставува промената на однесувањето на сонце. Поголемата популарност на активности на отворено и сончањето доведе до прекумерна изложеност на UV-зрачење. Многу луѓе потемнетиот тен на кожата го сметаат за симбол на атрактивност и добро здравје. Меѓутоа, темниот тен е само знак на оштетување предизвикано од UV-зраци и е обид на кожата да ги минимизира понатамошните оштетувања.
Како да се подобрат шансите за преживување од меланом на кожа?
Клучот за поволен исход е рано откривање и навремен хируршки третман. Периодичен самопреглед на кожата и дерматолошки преглед на секоја сомнителна промена на кожата треба да претставува стандардна постапка ако сакаме стапката на смртност од меланом да го задржи своето најниско ниво.
Кои се другите штетни ефекти од сончевите зраци на кожата?
Покрај меланом на кожа, сончевите зраци индуцираат појава и на други видови рак на кожа, кои иако не се фатални, може да доведат до значителни естетски последици. Дејството на ултравиолетовите зраци од сонцето исто така предизвикува предвремено стареење на кожата која се манифестира со појава на фотооштетена кожа – брчки, пигментации, рапавост, ширење, пукање на најмалите крвни садови и лушпести полиња на површината на кожата.
Дали е безбедно да се престојува на сонце подолг временски период и покрај користењето средство со висок заштитен фактор?
Комплетна заштита од сонцето во вистинска смисла на зборот уште не постои. Различни количини долгобранови UVА-зраци не се филтрираат доволно и покрај постоењето на формулации за заштита на кожата со висок заштитен фактор кои се моментално достапни на пазарот. Кумулативниот ефект на овие пропуштени зраци уште може да предизвика карцином на кожа и предвремено стареење на кожата. Не смее да се престојува на сонце многу долго под изговор дека сончевите зраци се комплетно блокирани од заштитните филтри во средствата за заштита од сонце. Треба да се избегнува сончева изложеност во временскиот период меѓу 11 и 17 часот кога UV-зраците се најјаки.
Дали лажниот тен е побезбеден од темниот тен предизвикан од сонце?
„Лажниот тен" добиен со помош на користење средства за самопотемнување е многу побезбеден од тенот предизвикан од сончевите UV-зраци. Лажниот тен дава природен изглед и тој се добива по пат на хемиска реакција на средството за самопотемнување и кожата. На овој начин, тие го обезбедуваат посакуваниот козметички резултат на лицето кое сака да има потемнета боја без сончање. Овие производи мора да се применуваат на секои 1-2 недели, за да се задржи саканата боја, бидејќи површните слоеви на кожата постојано се обновуваат. Меѓутоа, мора да се нагласи дека средствата за самопотемнување не штитат од штетните UV-зраци и потрошувачите треба да бидат свесни за овој важен факт, освен ако во својот состав имаат заштитен фактор.
Дали е е во ред да се добие темен тен на вештачки начин со сончање во солариум?
Да бидеме претпазливи со солариумите! Тие предизвикуваат потемнување на кожата со помош на UVА-радијација, без појава на изгореници, но, сепак, значително го зголемува ризикот од рак на кожа и предвремено стареење на кожата. Веројатно многу луѓе не се свесни за фактот дека потемнетиот тен добиен од сончање во солариум не заштитува од понатомошна појава на изгореници кога престојуваат во надворешна средина, поради фактот дека UVB-зраците се одговорни за појавата на изгореници на кожа.
Euromelanoma
Austria
Belgium
Bosnia-Herzegovina
Bulgaria
Croatia
Cyprus
Czech Republic
Denmark
Estonia
Germany
Greece
Hungary
Ireland
Italy
Latvia
Lithuania
Luxemburg
Fyro Macedonia
Malta
Moldova
Netherlands
Poland
Portugal
Romania
Russia
Serbia
Slovakia
Slovenia
Spain
Sweden
Switzerland
United Kingdom
Ukraine


