Дерматофибром

Најчесто се локализирани на долните екстремитети кај возрасните, но може да се јават и во било кој дел на телото. Имаат изглед на тврдо издигнато или вдлабнато чворче или плочеста површина од неколку милиметри до неколку сантиметри. Обично е со кафеавкаста боја, но може да биде и со розова боја. Дерматофибромот е бенигна фиброзна лезија и може да биде погрешно дијагностициран како циста или меланоцитен невус. Лесно се дијагностицира ако ивиците на промената се опфатат меѓу двата прста и тогаш се гледа вдлабнување во средината на промената и се чувствува палпабилно чворче (фотографии 55-56).