Базоцелуларен Карцином

Базоцелуларниот карцином претставува споро растечки тумор на кожата кој најчесто се јавува во деловите на кожата изложени на сонце. Постојат различни облици на базоцелуларен карцином. Некои изгледаат како издигнати чворчиња со мазна површина кои често во средината имаат мала раничка (фотографии 8,9,11,12,13,14,15,16).

 
 
   
   
   
   
 
 
Тие се нарекуваат нодуларни базоцелуларни карциноми и најчесто се наоѓаат на главата и вратот. Пациентите обично забележуваат дека имаат раничка која не зараснува (фотографии 17,18)

 
 
 
 
Други базоцелуларни карциноми изгледаат како тенки кафеавкасти плочи кои често се појавуваат на телото, рацете и нозете (фотографии 10, 19)

 
 
 Тие се нарекуваат суперфицијални базоцелуларни карциноми за кои може погрешно да се смета дека се екцем, псоријаза или сува кожа. Меѓутоа тие не реагираат на третман со локални кортикостероиди или хидратантни кремови.

Базоцелуларните карциноми кои се развиваат од најдлабоките слоеви на епидермисот, често растат со години и не предизвикуваат било какви симптоми. Овие тумори генерално не даваат метастази, но ако не се лечат може да се прошират во ткивата каде што ги уништуваат околните и подлабоките структури на кожата. Затоа се препорачува лечење кое се состои од хируршко отстранување или некои други видови локална деструктивна терапија.