Атипични Невуси

Атипичен или диспластичен невус е невус чиј изглед се разликува од обичната бемка. Атипичните невуси се обично поголеми од обичните, ивиците можат да бидат ирегуларни и нејасни, а бојата е често различна и ирегуларна (од розева до темно кафеава). Можат да бидат рамни, а може да имаат и издигнати делови (во некои случаи може да имаат потемен и издигнат центар и да потсетуваат на jајце на око”,  (фотографија 80).

 
 
 
 
 
АBCDЕ правилото (кое се користи за дијагноза на меланом) може да биде од корист и за идентификација на атипични невуси, бидејќи и тие се карактеризираат со асиметрија, ирегуларни и нејасни ивици и нехомоген распоред на бојата. Ако го примените правилото ABCDЕ на невусот и тој ги исполни овие критериуми, побарајте консултација со дерматолог, бидејќи е тешко да се направи разлика меѓу атипичен невус  и меланом.

 

Индивидуи со бројни атипични невуси (фотографии 78, 79, 81, 82, 83, 84, 85) имаат многу поголем ризик за развој на меланом и затоа треба да одат на прегледи кај дерматолог во регуларни временски интервали.