Актинична Кератоза

 

Актинични кератози се површни лезии кои можат да бидат локализирани во региите на кожата изложени на јако сонце во тек на долг временски период, како на пример лицето, градниот кош, шаките, ушните школки или кожата на главата без коса кај мажи. Тие се јасно видливи, поединечни или мултипни груби црвено-кафеавкасти полиња покриени со лушпи. На допир со врвовите на прстите тие се рапави. Понекогаш може да имаат поизразена сквама или структура слична на рог.

 

Индивидуите со светла боја на кожата кои биле изложени на сончеви УВ зраци во текот на повеќе години (пример ако работеле во надворешна средина или живееле во земји со голем број сончеви денови) имаат поголем ризик за развој на актинични кератози. Тие настануваат во моментот кога локалниот имун систем на кожата е толку намален што не е во состојба повеќе да ги поправа оштетувањата на клетките предизвикани од долготрајното ултравиолетово зрачење.

Актиничните кератози се сметаат за преканцерозни лезии, кои имаат потенцијал да се развијат во спиноцелуларен карцином и поради тоа треба да се третираат.

Поединечните лезии (фотографии 1,2,3,4,5) често се третираат со течен азот (криотерапија) кој ги уништува абнормалните клетки со смрзнување.

 

Ако се присутни поголем број актинични кератози на поголема површина на кожата (фотографии 6,7)  постојат различни тераписки алтернативи. Во овие случаи кератозите може да се третираатсо кремови кои или го стимулираат локалниот имун одговор и клетките на карциномот ги прават помалку чувствителни на светлина, или содржат лекови кои се користат во хемотерапија.