Learn

Who is at risk

Skin cancer can affect anybody at any age. It is most common in people over 50, or people who have had prolonged exposure to the sun.

Check your risk level

Check

How and where to look

We will need: a bright light, a full-length mirror, a hand mirror, 2 chairs, a blow dryer, body maps and a pencil or, ideally, a digital camera.

  • Examine your face, especially the nose, lips, mouth, and ears – front and back. Use mirrors to get a clear view.
  • Inspect your scalp, using a blow dryer and mirror to expose each section to view.
  • Check your hands: palms and backs, between the fingers and under the fingernails. Examine both front and back of your forearms.
  • Standing in front of the full-length mirror, begin at the elbows and scan all sides of your upper arms.
  • Look to the neck and chest. Women should lift the breasts to see beneath.
  • With your back to a full-length mirror, use the hand mirror to inspect the back of your neck, shoulders, upper back, and any part of the back of your
  • Still using mirrors don't forget your lower back, buttocks, and backs of both legs.
  • Sit down; prop each leg in turn on the other chair. Use the hand mirror to examine the genitals.

Show all tips

Prevent

Your skin type

Skin type describes how your skin reacts to the sun upon first exposure: Does it burn or does it tan?

The skin type is indentified by various characteristics, such as hair colour or fairness of complexion.

Discover all skin types

ЕУРОМЕЛАНОМА 2017

ЕУРОМЕЛАНОМА - Европска кампања за спречување на ракот на кожата

Карциномите на кожа се приоритетен глобален јавно-здравствен проблем. Инциденцата е се поголема во последните децении и во развиените и во неразвиените земји. Карциномите на кожа се со алармантен пораст во светот. Според Светската здравствена организација, 2-3 милиони луѓе годишно  заболува од немеланомските форми на карцином на кожа, од кои 130.000 од најмалигниот меѓу нив, меланом. Во зависност од географската област, бројот на нови случаи во светот расте меѓу 3 и 7 проценти годишно.

Светските климатски промени и промените во животниот стил влијаат на се позачестената појава на ракот на кожата. Kожата има буквално неизбришлива меморија за изложеноста на ултравиолетовото зрачење. Постојат евидентни докази дека и двата типа УВ зраци (УВА и УВБ) предизвикуваат оштетување на кожата. Светската Здравствена Организација (СЗО) и Националниот Институт за здравје во САД ги идентификувале УВ зраци како хуман карциноген. Прекумерната УВ радијација ги оштетува клеточните структури во кожата (ДНК) и продуцира генетски мутации кои водат до појава на карцином.

ЕУРОМЕЛАНОМА 2017

бесплатни прегледи

29-31мај 2017

 

 

Карциномите на кожата може да се превенираат. Превенцијата на кожните карциноми се состои од избегнување на факторите на ризик и редовни самопрегледи на кожата. Епидемиолошките податоци даваат податоци дека малигните тумори на кожата може да се превенираат со соодветна заштите од УВ радијација кај сите возрасни популации.

Tрадиционално и оваа година во нашата земја дерматолозите организираат здравствено-превентивна кампања за подигнување на јавната свест во борбата против ракот на кожата под мотото:

 

ИМАТЕ САМО ЕДНА КОЖА!

ЧУВАЈТЕ ЈА ВНИМАТЕЛНО!

 

ЗАШТИТЕТЕ ЈА ОД ШТЕТНОТО СОНЧЕВО ЗРАЧЕЊЕ!

                                                                                                                                

За ЕУРОМЕЛАНОМА 2017...

Кампањата Еуромеланома 2017 е насочена кон едукација на населението со информации дека ракот на кожата може да се превенира. Сончањето е единствен ризик фактор на кој може да се делува и тоа од најраното детство. Ризикот за развој на рак на кожата се втемелува во текот на детството и адолесценцијата и кожата има буквално неизбришлива меморија за изложеноста на ултравиолетовото зрачење.

ЗАШТИТУВАЈТЕ СЕ СЕКОГАШ НА СОНЦЕ!

СПРЕЧУВАЊЕТО НА ПРЕТЕРАНАТА ИЗЛОЖЕНОСТ НА СОНЦЕ

Е КЛУЧОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШАНСИТЕ

ЗА ПОЈАВА НА РАК НА КОЖА

 

Запомнете имате само една кожа,

чувајте ја внимателно

заштитете ја од штетното сончево зрачење.

 

Основните цели на кампањата се:

• освестување на населението за опасностите од прекумерното изложување на сонце и солариуми
• запознавање со правилните начини за заштита на кожата од штетното дејство на ултравиолетовото зрачење од природни и вештачки извори

• информирање за факторите на ризик за настанување на ракот на кожата

• превенција и рано откривање на меланом и други типови на рак на кожа

Главната активност на кампањата ЕУРОМЕЛАНОМА 2017 се бесплатните прегледи на сомнителните дамки на кожата во дерматолошките институции низ Р.Македонија во периодот од  29-31 мај 2017

Комплетна листа на државни и приватни дерматолошки институции во Р.Македонија во здравствено-превентивната кампања ЕУРОМЕЛАНОМА Македонија 2017: 

Преземете листа 

 

 

Last campaigns

Latest news